Наспроти сите очекувања, слепата готвачка ги победила своите ривали во финалето на кулинарскиот натпревар кој го организирала телевизиската мрежа Fox и освоила награда од 250.000 долари.
Кристин Ха била првата слепа натпреварувачка во историјата на натпреварите Master Chef, а сега го освоила финалето на третата сезона на оваа кулинарска емисија. Тоа што е слепа не ја спречило да ги порази другите готвачи во серијата на комплицирани готвачки задачи.
Секој од учесниците имал три недели да развие мени кој ќе вклучува предјадење, главно јадење и десерт, а кое ќе биде претставено пред жирито.
Кристин на судиите им сервирала салата од ракчиња и папаја, свинско месо со ориз, печурки, крцкав кељ и сок од лимон и кокос.
Нејзиниот ривал подготвил комплицирано јадење, меѓутоа, жирито сметало дека неговиот јастог не бил доволно варен, па за победник ја прогласиле Кристин.
“Јас сум жив доказ дека соништата можат да се остварат и покрај сите проблеми. Мојата прва рекација беше комплетен шок”, изјавила Кристин Ха.
Покрај паричната награда, победничката добила и право за пишување на кулинарски книги, чие печатење и објавување ќе ги финансира телевизиската мрежа.