Sloppy Joe корпички

24 јануари, 20120
111

Потребни состојки:

8 тенки парчиња леб

100 гр. путер

2 чешниња лук

250 гр. мелено месо

2 лажица соја сос

1 лажичка сол

2 млади кромитчиња

150 гр. кашкавал

Припрема:

Секое парче леб притиснете го во калап за мафини. Печете 10 минути на температура од 180 степени се додека корпичките од леб не се стврднат.

Во тава на оган стопете го путерот, па додадете ги сецканите лук и кромид и пропржете, па додадете го меленото месо и пржете се додека местото не потемне. Потоа одадете го соја сосот и солта и оставете смесата да се готви на тивок оган уште 10тина минути, па тргнете ја тавата од оган.

Ставете од смесата во секоја корпичка, па одозгора изрендајте кашкавал. Корпите ставете ги во рерна да се запечат на температура од 220 степени 5 минути. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma