Иако долго време се воделе дебати за оваа тема, сега едно нови истажување покажува дека смеењето го намалува нивото на стрес, па макар и да е вештачко.
Универзитетот во Канзас спровеле експерименти врз студентите задавајќи им задачи кои предизвикувале стрес и анксиозност и откриле дека оние кои се смееле биле под помал стрес од другите.
„Сакавме научно да го потврдиме ова дека смеењето е лековито“, изјавила Тара Крафт раководител на истражувањето.
Студијата покажала дека било какво смеење макар и вештачко, го намалува стресот и го подобрува расположението. Смеењето е особено делотоворно кога е искрено.
Сепак, следниот пат кога ќе се нервирате за нешто само насмевнете се и полесно ќе поминете низ сите ситуации.