Смоквите содржат растителни влакна, многу минерали и витамини, како и антиоксиданси, кои се грижат за целосната здравствена состојба на човекот. Освен тоа имаaт ниска калорична вредност. Свежите смокви се богат извор ка каротин, лутеин и танин, чија што антиоксидантна вредност е многу поголема од таа на јаболкото.
Смоквите содржат витамини од Б групата, ниацин, пиридоксин, фолати и пантотенова киселина, кои се неопходни за метаболизмот на јаглехидратите, протреините и мастите во организмот. Исто така содржи витамини А, Е и К кои се полезни за борбата со слободните радикали, па затоа нивната консумација штити од рак, диабет, дегенеративни болести и инфекции.
Смоквите се извор на калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Смоквите помагаат за подобрување на сексуалната издржливост и либидото.