Раперот Snoop Dogg ќе се соочи со обвинение во Тексас поради неколку џоинти пронајдени во неговиот автобус. Окружниот шериф изјавил дека Келвин Бродус, кој го нарекуваат Dogg, е уапсен поради поседување на марихуана.
Сопоред извештајот, полицаецот осетил мирис на марихуана во автобусот и тогаш наредил да се претресе целиот автобус. Не е пронајдена голема количина на марихуана и алкохол, но било сосема доволно за да го уапсат.
Бродус признал дека марихуаната е негова и дека немал намера да ја препродава. Набрзо по овој настан раперот изјавил дека има дозвола да користи медицинска марихуана во Калифорнија, бидејќи страда од мигрена и заматен вид.