Грозјето подмладува и го разбива целулитот, а купките од вино го опуштаат телото. Долго време се знае дека антиоксидансите од виното и грозјето се чувари на здравјето, но неодамна беше откриено дека ресвератролот, состојка во виното и грозјето, го прави „молекулот на младоста и убавината.“ И додека тие имаат корисен ефект кога ќе се нанесат надворешно, со јадење и пиење треба да се биде внимателен. Треба да испиете неколку стотина литри вино дневно и изедете цело лозје за ресвератролот да ни помогне да се затегнат брчките, што не е така добро. Затоа многу од козметичките компании ја уфрлија оваа состојка во серуми за подмладување, така вие или се мачкате креми или природни маски, ќе ви одговара сигурно.
ПАКУВАЊЕ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ
Измешајте четири лажици семки од грозје со пет капки од лимоново масло. Направете масажа на критичните места, завиткајте ги местата со фолија и држете 30 минути. Витаминот Ц ќе го активира разградувањето на мастите и ќе го зајакне сврзното ткиво, додека термо-ефектот на фолијата ќе го зајакне дејството.
ЛЕК ЗА МОЗОЛЧИЊА
Смелете петнаесеттина зрна од грозје, потоа кашата нанесете ја на проблематичната или мрсна кожа. Оставете да делува 15 минути. Ензимите од грозјето делуваат антибактериски и го смируваат воспалувањето на кожата.
ТОНИК ОД ГРОЗЈЕ
За освежување на тенот најдобар е свеж сок од бело грозје. Кора од 100 гр грозје, изматете во блендер или соковник. Овој витамински тоник истовремено ја чисти и ја зајакнува кожата; обино натопете ја кожата и по десет минути исплакнете ја со млака вода.
КУПКА ЗА ОПУШТАЊЕ
Напнати сте и уморни? Избањајте се во вино! Во када полна со топла вода додадете еден литар евтино црвено или бело вино и три лажици на масло од семки од грозје. Лежете во бањата 30 минути. Витамините А, Б, Ц и Е ќе ја активираат размената на материи и ќе ја поттикнат циркулацијата, а вашата кожа ќе стане мазна и хидрирана.
БИДЕТЕ ФИТ
Се ЧУВСТВУВАТЕ без волја и немате сила? Тогаш изблендајте 150 гр грозје, една банана и 100 мл сок од портокал. Гроздениот шеќер, магнезиумот и витаминот Ц се вистински бомби за сила за целиот ден, а витаминот Б ја зголемува концентрацијата. Ако сте под стрес а нервите ви се пренапнати, изедете неколку зрна грозје или испијте една чаша сок од грозје. Тоа е ефтин и ефективен анти-стрес пијалок, но не претерувајте, бидејќи сокот содржи и многу шеќер.