Со Јога и здрав режим на исхрана до ново тело!

popara3 март, 20121min00
2

Сакаме да ја дочекаме пролетта со самодоверба, елегантна фигура, стопен целулит и позитивна енергија нели?  Има начин да го постигнеме и ова го тврдам не само врз основа на верата, дека ако се сака се постига се, но и со успешните резултати на луѓе што лично ги познавам.

Ако досега не сте посетиле јога студио и сосема не знаете што представува тоа, тогаш искрено ве советуваме да ги оставите предрасудите за друг пат и да навлезете во длабоките води на оваа мистична техника и начин на живот.

Со јогата можете да си ги наполните батериите, да го отстраните лошото расположение, негативните мисли, да се смеете повеќе, да започнете да се грижите подобро за себе.

Освен тоа специјалистите сметаат дека јогата е моќно оружје против целулитот.

Не е случаен фактот дека најдобрите супер модели ја избрале токму јогата како спорт со чија помош ќе го одржуваат своето тело во перфектна форма и внатрешен баланс.

Не ви советуваме да практикувате јога сами, без надзор од експерти и без доволно познавање и искуство во оваа сфера. Исто така јога инструкторот ќе ви помогне освен физичките вежби, да го совладате и режимот на исхрана како важен дел од јогата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag