Со кафе живееме подолго!

popara27 мај, 20121min00
i

Луѓето кои консумираат редовно кафе се радуваат на подобро здравје и долг живот, тврдат експерти.

Американското истражување спроведено над 400 000 души ја открива врската помеѓу  овој пијалок и доброто здравје и должината на животот.

Откриено е дека кафето помага за намалување на ризикот од развој на разни болести, како болест на срцето, респираторни болести, инсулт(мозочен удар), трауми, диабет, инфекции.

Науката тврди дека редовната консумација на кафе води до одржување на добрата здравствена состојба и намален ризик од предвремена смрт.

Околу 1/3 од луѓето што учествувале во експериментот пиеле кафе без кофеин. Затоа, според експертите ползите за здравјето не се должат единствено на кофеинот. Се потврдуваат биолошките ефекти од антиоксидансите и магнезиумот, кои ги има во кафето, дополнува екипата што го раководела експериментот.

Резултатите од истражувањето се објавени во  New England Journal of Medicine.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag