Оние што се борат со слоевите на стомакот веројатно се обиделе со разни трикови и рецепти. Ако се храните умерено, а притоа вежбате и се мачкате со креми, можете дополнително да си помогнете и со правилен избор на храна.
Еве кои намирници треба да бидат на вашата листа.
1. Зелен чај
Истражувањата покажаа како зелениот чај ги намалува маснотиите околу стомакот за 10% повеќе отколку останатите пијалoци. Го стимулира метаболизмот и го регулира нивото на глукоза во организмот, поради што имате помалку желба за слатки. Дозволено е четири до пет шолји на ден.
2. Јајца
Иако порано се сметаше дека јајцата го подигаат нивото на холестерол, неодамнешните истражувања покажаа дека сепак немаат толкаво влијание. Содржат високо-квалитетни протеини и витамин Б12, кој помага во намалување на вишокот масти. Одлично решение за појадок.
3. Житарици
Ако конзумирате житарици и до неколку пати на ден, ќе ви се подобри метаболизмот и ќе го намалите нивото на инсулин во телото. Нема да имате толкава желба за калорични и слатки производи.
4. Нискокалорични млечни производи
Збогатете го денот со три до четири пати конзумирање на млечни производи и стомакот ќе ви се намали до 70%. Исто така се намалува и нивото на кортизол, кој е во голема мера одговорен за масните наслаги.
5. Печурки
Единствен производ кој содржи многу витамин Д, кој е корисен за апсорпција на калциум. Поточно, луѓето со мало количество на витамин Д во организмот имаат повеќе проблеми со трошењето на масните наслаги. Печурките не содржат холестерол и имаат малку калории.