Преку кожата можете да отстраните голема количина штетни супстанции кои предизвикуваат целулит. Се прашувате како? Со помош на сауна, која за тоа е многу ефикасна (и пријатна).
Сауната е, за Финците, кои генерално, имаат убава кожа, составен дел од секојдневниот живот. Кабините за сауна, кај нив можат да се видат речиси во секој дом.
По 10-20 минути финска сауна, истуширајте се со ладна вода. Оваа постапка повторете ја 2 до 3 пати.
Целулитот настанува како последица од акумулација на штетни материи и токсини во телото. Ова се случува, кога механизмите за природна детоксикација не се во состојба сами да го исчистат организмот. Сауната е многу ефикасна против целулитот, бидејќи преку потење се отстранува голема количина на нечистотии и токсини. А ладниот туш по сауна, ја стимулира циркулацијата на крвта и да ги затвора порите.
Кожата по сауната, полесно дише, чиста е и ревитализирана. Најидеално би било, во сауна да влезете веднаш по тренинг, два пати неделно. А за поефикасна борба против целулитот, би било добро, половина час пред да влезете во сауна, да се напиете голема чаша вода.