Редовниот секс освен што ве зближува со партнерот, може да ве направи и поздрава личност. Напливот на хормони после сексот ја ублажува болката без разлика дали станува збор за болки во грбот или за главоболка. Ендорфинот, кој се лачи после сексуалниот однос, има ефект сличен на морфиумот, па што и да ве болело пред сексот, веројатно ќе помине.
Жешките сексуални игри ќе ви помогнат да се ослободите од настинката, односно од кивањето, кашлањето и течењето на носот. Лицата кои почесто практикуваат секс имаат повисоки нивоа на имуноглобулин А, антитела кои го чуваат организмот од настинка и грип.
Сексот ги ублажува болните менструални грчеви. Кога жената ќе доживее оргазам, нејзината матка поминува низ контракции кои го ослободуваат телото од грчеви. Зголемениот број на овие контракции, исто така, помага крвта побрзо да излезе и на тој начин менструалните циклуси се пократки и помалку болни.