Откако на доделувањето на Brit Awards го покажа средниот прст, албумот “21” пејачката Адел ја врати на првото место на најпродавани албуми во Велика Британија.
Инцидентот се случи на церемонијата на најважните британски музички награди одржани на 21 февруари во моментот кога водителот ја прекинал Адел за време на говорот за благодарност, а таа му возвратила со непристоен гест, со кој предизвика мал скандал, но и си ја зголеми својата сметка во банка.
Со зголемување на продажбата од 37%, Адел со освојувањето на титулата најдобра пејачка и најдобар албум, ги пробила границите од 6 милиони фунти заработка од продажба на два досега издадени албуми.