Со својата ќерка во рацете скокнал пред воз, девојчето преживеало!

popara29 октомври, 20121min00
dete

Ричард (28) открил неверство од страна на мајката на Скарлет, Саманта (27) и од бес го земал девојчето и скокнал пред воз. На лице место починал, а детето целосно се опоравило.

Со некое чудо 3-годишната Скарлет ја преживеала несреќата со возот откако нејзиниот татко (28) со неа скокнал пред брзиот воз Лондон – Лидс, бидејќи открил дека поранешната девојка го изневерувала со неговиот најдобар пријател.

Британецот Ричард Строу со малата Скарлет скокнал пред возот во јуни минатата година и на лице место починал. Девојчето го пронашле тешко повредено  покрај пругите. Денес има четири години и успешно се опоравува.

Истрагата покажала дека Ричард открил неверство од страна на мајката на Скарлет, Саманта и еден недела пред “несреќата” бил уапсен под сомнение дека ја запалил куќата на нејзиниот љубовник.

Двојката биле заедно една година, а врската ја прекинале еден месец пред неговата смрт.

Ричард дошол кај Саманта по девојчето за да ја однесе во парк. Не се вратиле неколку часа, па Саманта се упатила кон неговата куќа на која сите ѕидови биле испишани со графити како: “Создади свое семејство, таа е моја”. Во тој момент ја повикала полицијата со страшни вести.

Машиновозачот Дејвид Добсон изјавил дека видел маж како трча со дете во рацете.

-Ме гледаше право во очи. Го видов детето кое го носеше на страна – изјавил на сведочењето.

Судијата на крајот на истрагата заклучила дека е сосема јасно дека не можел да го поднесе крајот на врската и затоа се убил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag