После некое време човек ја согледува тенката разлика помеѓу тоа да држиш некого за рака и да му ја оковаш душата во вериги,
Човек учи дека љубовта не значи да се ослониш врз некого со целата своја тежина и дека пријателството не се создава за сигурност.
Започнуваш да учиш дека бакнежите не се договор и подароците не се ветувања, започнуваш да ги прифаќаш поразите со високо дигната глава и отворени очи со достоинство, но веќе како возрасен човек, а не со детско страдање.
Учиш да градиш патишта врз денешна основа, зошто утре е премногу несигурна почва за било какви планови.
Со текот на времето човек учи дека дури и сонцето може да те изгори, ако му се приближиш премногу блиску.
Затоа засадете ја својата мала градина и украсете ја сопствената душа, наместо да чекате некој друг да ви донесе цвеќе.
И човек учи како да преживее…
Учи дека е силен и дека навистина има вредност!