Добредојдовте на местото кое ќе ги задоволи сите Ваши апетити !!!
Најголемото и најпознато летувалиште во Бугарија, Сончев Брег, се наоѓа на јужниот црноморски брег, на околу 35 километри од Бургас и 90 километри од Варна. Овде климата е медитеранска, со голем број сончеви денови, од Мај до Октомври.
Ова место, кое младите особено го обожуваат има повеќе од 800 хотели, 130 ресторани, огромен број пабови и дискотеки со жива музика и преполни улици со луѓе кои се забавуваат до раните утрински часови.
Веќе подолго време, Сончев Брег се шири и станува атрактивно туристичко место кое излегува во пресрет,на огромен број туристи, од цела Европа. Плажата е долга 8 километри и на неа се понудени разни активности како: јахтинг, сурфање, јавање коњи…
Во Сончев Брег адреналинот секогаш ќе Ви биде на максимум !!! Посетете го …