Сонот може успешно да се вклопи во режимот на здрава исхрана и вежбите за слабеење

popara29 септември, 20121min00
son

Редовното и доволно спиење треба да биде важен дел од вашата програма за слабеење  пишува весникот Canadian Medical Association Journal.

Иако ограничувањето на калориите и зголемената физичка активност се основните препораки за секој кој сака да ослабне, постојат и многу сериозни аргументи дека недостатокот на сон придонесува за дебелеење бидејќи се зголемува желбата за јадење, т.е. нивото на хормоните кои го регулираат апетитот.

Решението на проблемот со губењето вичок килограми не е толку едноставно како поговорката од типот “јади помалку, движи се повеќе и спиј повеќе”, објаснува д-р Жан-Филип Шапу од Отава, Онтарио, и д-р Анџело Трембли од Квебек. Се повеќе докази укажуваат на сонот. Сонот не треба да се занемарува кога некому му се препишува програма за слабеење која е традиционално ефокусирана на исхраната и физичката активност.

Неодамна објавените податоци од истражувањето на двајцата автори покажуваат дека вкупното количество сон заедно со неговиот квалитет се показатели за тоа дали и колку килограми и масти можат да изгубат оние кои се обидуваат да се справат со зголемената телесна тежина и дебелината.

Канадскиот државен систем за борба против дебелеењето веќе вклучува препораки и совети оклолу значењето на сонот кои лекарите треба даим ги даваат на пациентите за борба против прекумерната тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag