Властите на шведскиот град Упсала, наредиле да се заменат сообраќајните знаци кои ги предупредуваат возачите за пешачки премин.
Градските власти сметале дека знаците се премногу провокативни бидејќи на нив имало женска силуета со големи гради и мини сукња, пишува локалниот весник “Nia tidning”.
„Станува збор за знак кој беше забранет пред неколку години“, изјавил еден од градските власти. Знакот кој предизвикал полемика во 2008 година бидејќи бил премногу женствен повторно ќе се менува.
Управата надлежна за поставување на сообраќајните знаци мисли дека одлуката на властите претерана, но сепак ќе мора да ги отстрани знаците и да ги замени со нови, кои ќе бидат помалку секси.