Старлетата дошла до конфликт со непозната девојка пред пред киоск за брза храна во центарот на Белград. Причина за “фајт” е улично куче. Сораја се изнервирала кога видела како девојката го шутнала кучето. И се доближила и и удрла шлаканица.
-Сораја дојде со рпијателка да купи плескавици. Наиде на изгладнето напуштено куче и одлучи на го нахрани. Кога малку се одалечи, виде дека една девојка го удира. Тоа многу ја разлути, и пријде на девојката и и удри шамар – зборува еден од минувачите.
Девојките почнаа да викаат, да се држат за раце и да се буткаат. За малку ќе дојдеше до голема пресметка, но присутните застанаа меѓу нив и ги спречија да влезат во клинч. Непознатата девојка и се заканила на Сораја дека ќе ја прјави во полиција.
Српските медиуми ја исконтактирале старлетата, која ги потврдила овие наоди.
-Многу сакам животни и не можам да гледам како некој ги малтретира. На таа будала и залепив шлаканица и не се грижам за последиците. Повторно би го направила истото! Слушнав дека ме пријавила во полиција, но сеуште не ме повикале, изјавила Сораја.