Иако некои од нејзините колеги се навредуваат кога ќе им го стават епитетот “старлета”, на Сораја не и пречи. Напротив…
– Не знам зошто би се нервирана поради ваквиот статус кога мене тоа ми годи. Во неколку наврати истакнав како овој статус не ми пречи воопшто, дури ми е и симпатичен. Многумина не го знаат значењето на овој термин така што тие мислат дека е навреда доколку за некого се каже дека е “старлета”, изјави Сораја и откри дека во Србија да се биде “старлета” значи да се биде девојка со “сомнителен” морал:
– Па како за кого, тој што го знае значењето нема проблем да се помири со тој статус, а за останатите не знам. Од друга страна, верувам дека треба се внимава од оние кои се закопчани до грлото, а не од нас кои сме скудно облечени. И тоа се има толку многу пати докажано за точно…