Изневерувањето никогаш не е добро, особено ако сте во брак. Сепак експертот Andrea Syrtash има еден необичен совет: изневерете го сопругот, со сопругот.
Тоа е темата на нејзинита книга „ Cheating on your husband, with your husband“, во која ги повикува жените да се впуштат во авантура токму со својот партнер, а со тоа ќе ја избегнат рутината, која може да доведе до вистинско неверство.
Ова се трите основни причини зошто треба да го направите ова:
1. Забавно е – малите игри ќе ви ја подобрат врската. Преправајте се дека штотуку сте се запознале и давајте си нови улоги.
2. Го спречува вистинското неверство – рутината, секојдневието и ако на тоа го додадете досадниот секс во креветот сето тоа порано или подоцна ќе доведе до неверство.
3. Одличен рецепт против досада – експертите наведуваат дека токму досадата е клучен фактор поради кои двојките се изневеруваат. Но доколку ја играте оваа игра никогаш нема да ви биде досадно.