Совети за деловен успех

popara14 октомври, 20121min00
ricard-brenson-knjiga-3

Ричард Бренсон, првиот човек на компанијата Virgin , кој ја објави книгата “ Like a Virgin: Secrets They Won’t Teach at business School ”, во која дели совети за тоа како да успеете во бизнисот.

Советите кои ги споделува се доста корисни, затоа што доаѓаат од човекот кој во 1970тата година основа компанија, а денес е едниствениот човек во светот кој има осум компании во осум различни индустрии, кои вредат повеќе од милијарда долари, и сето тоа е постигнато без бизнис диплома. Самиот Бренсон кажува дека кој знае каде би бил сега ако го продолжел свето школување кое е полно со конвенционални работи,

Во продолжение ви преставуваме дел од советите на Бренсон.

  1. Немојте да работите нешто ако не уживате во тоа, за работата се потребни многу крв, пот и солзи, но на крајот од денот треба да создадеш нешто со кое што ќе се гордееш.

 

  1. Во медиумите, важно е да се појавиш на насловна страна, а не на последните страници.
  2. Внимателно изберете име на вашата компанија.
  3. Не можеш да водиш компанија без ризик. “ Храбрите може нема да живеат долго, но претпазливите нема да живеат воопшто!” вели Бренсон.
  4. Многу е важен првиот впечаток. Секако и вториот. Но со првиот го купувате клиентот, а со вториот го задржувате за себе.
  5. Перфекцијата е недестижна. Постои опасност кога некој ќе направи нешто добро, ќе седне, ќе се опушти, ќе ужива во парите, додека некој друг работи бесен да стане што е можно подобар. Затоа Бренсон на своите вработени никогаш не им дава 100 процентна оцена за нивната работа.
  6. Чувајте се од деловната околина каде постои “тие и ние”. Работниот простор мора да биде место каде шефот и неговите запослени ќе работат заедно на заедничката цел. “Ако вработените не се поисоветуваат со својата компанија, тогаш тоа е знак дека луѓето на “врвот” и тие на “дното” не комуницираат.
  7. Изградете опуштена корпоративна зона. “Потребна е поврзана, мотивирана и посветена работна сила за производи од прва класа и за успешна комапнија. “.
  8. Не може секој да биде директор. Менаџерот треба да биде некој кој го извлекува најдоврото од вработениот, оној кој добро комуницира со сите и помага на вработените да ги научат своите грешки.
  9. Барај секогаш второ мислење. Барај и трето, Бренсон вели дека мораш да бидеш добар слушач ако сакаш да успееш. А тоа значи дека се потрбени многу идеи, од многу луѓе, за тек потоа да се донесе конечна одлука. Тој вели дека тоа може да ни сочува многу време и пари.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag