
Теоретски организмот би требало да ја вари секоја храна без проблем , но поради начинот на обработка и приготвување на храната, стомакот не секогаш реагира добро на се што ќе изедеме.
Разумно е да избегнуваме некои видови храна, како например многу мрсно, конзервирана храна, пржена, црвено месо, сувомеснати производи, премногу зачинета храна, цигари, кафе, алкохол и др. Но пак за среќа постои и храна што го улеснува варењето на храната, го прочистува организмот и го регулира метаболизмот.
Кисело млеко – во стомакот има многу полезни бактерии кои учествуваат во процесот на разградување на храната. Во киселото млеко има неколку видови од нив. Така се норализира флората на дигестивниот тракт. Секогаш избирајте кисело млеко или јогурт кој содржи живи и активни култури.
Полнозрнеста храна – овие производи се богат извор на растителни влакна кои го подобруваат процесот на варење на храната. Организмот има потреба од 20-30 грама растителни влакна дневно. Тие го нормализираат и нивото на холестерол во организмот .
Банани – тие ја обновуваат нормалната функција на цревата, особено при диареја. Тие го нормализираат нивото на електролити и калиум кои се губат при вакви состојби. Освен тоа бананите содржат и растителни влакна кои се неопходни за правилно варење на храната.
Свежо овошје и зеленчук – нутриционистите потенцираат дека овошјето и зеленчукот треба да се консумираат свежи, за да имате максимална полза од нив. За правилно варење на храната и елиминирање на други проблеми поврзани со дигестивниот систем, тие препорачуваат 3-4 порции овошје и зеленчук дневно.