Совети за во брак! Што не смеете да и кажете на свекрвата!

popara10 август, 20121min00
87

За да станете омилена снаа и да ја задржите својата позиција за свекрвата да не ве смета за заканта ви носиме неколку изјави кои не смеете да ги кажете пред неа…

  1. Зошто мора да му се јавувате секој ден? – мајките знаат да се јавуваат за се и сешто. Замката се крие во тоа што ако вие не сте го направиле тоа, неговата мајка ќе го направи тоа.
  2. Вашиот син е добар во кревет! – никогаш, ама баш никогаш не го споменувајте зборот секс пред свекрвата. Верувајте таа несака тоа да го знае.
  3. Несакам да седам дома и да раѓам деца, додека вашиот син гради кариера – ако се одлучите да бидете мајка со кариера, бидете подготвени за критики.
  4. Вашиот ручек има премногу масснотии – ни во лудило немојте да ви падне на памет да и го критикувате јадењето кое таа го зготвила. Напротив, колку и да не ви се допаѓал, најдобро е на крај да го побарате рецептот.
  5. Бараме куќна помошничка – пеглањето, чистењето за мене е губење време – зарем е тоа можно, сосема непозната личност да ги пегла кошулите на нејзиниот син или да ви го мести брачниот кревет? Доколку ова го направите најдобро е да не и кажувате на свекрвата дека воопшто имате помошничка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag