Мажите сакаат да ги контролираат жените – како во личниот живот, така и на работа. И често тоа вклучува и доминација во сексот, но што се случува кога улогите на мажите и жените ќе се сменат? Или поточно, кога жената започне да доминира во сексот?
Жените со секој изминат ден стануваат се понезависни и самостојни. Тие ги сакаат големите и силни мажи, кои ќе им симнуваат ѕвезди, но сигурно ќе се изненадите да научите дека една од најголемите женски сексуални фантазии е истиот тој маж да моли за сексуална слобода во спалната.
И тоа не е воопшто далеку од реалноста! На пресконференцијата по машко здравје во Хамбург, Германија, стана јасно дека секој трети маж се чувствува „во опасност“ од бројот на жени кој постојано расте, односно жените кои сакаат да доминираат во сексот.
Во денешно време сценариото се врти околу тоа мажот да го боготвори телото на својата партнерка и да моли за нејзиното внимание. Жената диктира, додека се насладува на целата предададеност на мажот до неа.
Резултатите од анкетата сочат дека современите жени ја превземаат контролата над сексуалниот живот и го добиваат она што го сакаат. Мислам дека и време е да биде така!