Што повеќе туристите – љубители на авантура можат да посакаат на својот луксузен одмор во Африка?
Kaball вила во близина на планината Rwenzori во западна Уганда е вистинското место за сите оние кои се љубители на активниот одмор. Rwenzori Националниот парк, шимпанзата, сафари во срцето на африканскиот континент … по враќањето во хотелот, ве очекуваат спа третмани, сауна и масажи, со опуштање по напорниот ден.
Сеедно дали ќе одберете турнеја во џунгла или сфари тури вашата база во Африка треба да биде мирна, удобна и некаде во близина. По долгиот ден полн со авантури ќе ве очекува вила која е опкружена со тишина, приватен базен или релаксирачка бања.