Спектакуларно откритие во Кина! Пронајден нов вид на пештерски човек!

popara15 март, 20121min00
w2

Во една пештера во Кина пронајдени биле остатоци од четри пештерски луѓе, а археолозите мислат дека откриле нов вид на хуманоид. Ова сознание може да ја промени теоријата на еволуцијата, тврдат научниците.

Фосилите кои биле пронајдени во пештерата во Кина потекнуваат од каменото доба, а претставуваат многу необична мешавина од стари и нови одлики.

Научниците ги нарекле „луѓе на црвениот елен“ поради животните кои тогаш ги ловеле, а сметаат дека фосилите се стари од 14.500 до 11.500 години што ги прави најмладите хуманоиди кои некогаш се пронајдени во Азија.

„Ова откритие отвара ново поглавје во теоријата на еволуцијата на човештвото“, изјавил за магазинот „ PLoS One“ професорот од Јужен Велс, а додал дека луѓето на црвениот елен дошле од Африка во Азија.

До ова откритие, покрај остатоците на хомосапиенси во Азија никогаш не биле пронајдени фосили помлади од 100.000 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma