Поранешните членови на британскиот женски состав Spice Girls ќе настапат на отварањето на Олимписките игри во Лондон.
Британските таблоиди пишуваат дека Spice Girls се поканети да настапуваат на Олимписките игри кои ќе бидат одржани оваа година во Велика Британија.
“Олимпијадата е одлична прилика да се собереме, но мора сите да се согласиме на тоа”, изјавила Мелани Ц. Таа додава дека не е сигурна дали сите членови од Spice Girls ќе одговорат потврдно на организаторите.
“Не сум сигурна дали сите девојки се согласиле”, изјавила таа, а медимумите додаваат дека меѓу “Спајс девојките”најверојатно нема да се појави Викторија Бекам.
За сега се согласиле Џери Халивел, Ема Бантон и Мел Ц. Пејачките последен пат настапувале заедно во 2007 и 2008 година кога се собраа за турнеја.