Пејачката Леона Луис ги критикува колешките чии спотови се на граница на вкусот.
Многу ѕвезди, како, да речеме, Лејди Гага се појавуваат голи или скоро голи во своите спотови. Примерот погоре е најзинот спот “Marry the night”.
Леона Луис припаѓа на групата пејачи кои оставаат гласот и музиката да бидат во фокусот и ги исмејувала пејачките кои снимаат било каква песна, но потоа се соблекуваат на спотот и мислат дека тоа е ок.
“Мислам дека многу пејачки имаат недостаток на самопочит. Сите се претвораат во сексуални објекти во спотовите”, вели Леона.
“Во ред е да бидат горди на својата женственот, но се почесто, кога гледам некој спот, гледам речиси гола жена и помислувам – што не е во ред со тебе, што правиш, тоа е горзно, има малку самопочит. Спотовите личан на филмови за возрасни”, изјавила младата британска пејачка.
Луис (26), која продала 20 милиони примероци од албуми ширум светот, одлучно вели дека нејзините спотови “никогаш нема да изгледаат како порно”.
Ниту една пејачка сеуште не реагирала на оваа изјава, но сигурни сме дека многу пејачки се пронашле во оваа изјава.