Не само совршените и секси акробации од страна на пејачката, туку и замислата на видеото кое претставува подеми и падови во секоја врска, ќе ве натера ова видео да го погледнете до крај.
Всушност, Пинк во новиот спот за песната ‘Try’ испратила јасна порака за она што ја сочинува секоја врска – подеми и падови. А колку оваа порака е силна можете да ја прашате нејзината мајка која, како што вели Пинк, и самата останала без текст откако го видела новиот видео запис. “Мојата мајка, откако го погледна видеото, рече: Wow душо! Останав без текст. Непријатно ми е. Никој не може да тврди дека сето тоа било безбедно”, споделила Пинк со фановите на Твитер.
Пејачката во спотот изведува разни акробации со танчер, облечена во проѕирен фустан и долна облека. Телото со секој нов удар и е прекриено со повеќе боја. Сигурно најимпресивна срцена во која Пинк, висејќи наопаку од грбот на тачерот, изведува шпага. Танчерките движења всушност се метафора за добри и лоши денови во врската, па преку нив најизменично демонстрираат насилство, секс, нежност и грубост. Пејчаката тврди дека не сакала да заврши со снимање на спотот, бидејќи многу уживала во него и дека ова е дефинитивно нејзиниот најдобар спот.
Погледнете во приложеното видео и уверете се сами.