
Зошто е така? Можеби зошто никој не е идеален и го бара она што го нема. Затоа што различното е егзотично, ја предизвикува љубопитноста, го задржува интересот и затоа што не може да има двајца лидери во една врска па затоа мора да постои баланс.
Сте забележале ли како многу често во врските едниот од партнерите е социјалниот тип, оној што зборува, забавниот, смелиот, уверениот, душата на друштвото, додека другиот е стабилниот, умерениот, разумниот, смирениот, тивкиот и повлечениот.
И така во реалноста при судир на интроверт и екстроверт се добива следната симбиоза – едниот си ги полни батериите, а другиот го потиска огинот во себе, постигнувајќи душевен и љубовен баланс.
Науката смета дека колку поразлични гени имаат партнерите, толку е поголема веројатноста за успешно продолжување на родот.
Но треба да кажеме дека спротивностите се претпоставка за првично привлекување и вљубување, но реално она што ги држи понатака заедно се сличните интереси. Ако партнерите немаат и други заеднички интереси и цели, тогаш врската ќе остане само на ниво на сексуално привлекување. Тој сеуште ќе ја смета за најубавата жена, а таа него за најатрактивниот маж, но со тек на време ќе разберат дека всушност нема што друго да си кажат надвор од креветот.
Всушност понекогаш убедувањето дека спротивностите се привлекуваат, е онаа надеж за безнадежно вљубените луѓе во безперспективни партнери, дека всушност космичките разлики помеѓу нив се она што ќе ги соедини.