СРЕДНОВЕКОВНИ КУЛИ И МОСТОВИ, Кратово

popara11 јануари, 20122min00
f754ru90

Како населба, наречена КРАТИСКАРА, градот Кратово егзистирал уште во римско време, најмногу благодарение на рударското богатство од околината .Во време на византиското царство тој бил познат под називот КОРИТОН. За него се вели дека во 11-13 век бил важен трговски центар особено на предмети од злато, сребро и бакар.Кон крајот на 13 век кога градот потпаднал под власт на српските деспоти (феудалци) биле доведени искусни рудари Саси за да ги обноват богатите рударски окна. Рудното богатство е една од главните причини Кратово многу брзо да потпадне под Османлиска власт (1390 год.). За време на Османлиите продолжило копањето руда и изработката не само на предмети од злато и сребро туку и на монети. Така на пример познато е дека во средината на 16 век на турските монети исковани во Кратово, покрај ликовите на султаните Сулјеман II и Селим II стоела и буквата К – знак дека парите се ковани во Кратово.

Најкарактеристични објекти, извонредно вклопени во специфичната градска архитектура и необичната конфигурација на карпестиот простор од вулканско потекло, се неколкуте кули. Од 12 кули денес се сочувани само 6, и тоа: Симиќева, Еминбегова, Хаџикостова, Златкова, Крстева и Саат кула.
Се претпоставува дека кулите биле градени уште пред доаѓањето на Туците, служејќи им на поимотните граѓани истовремено и за живеење и за одбрана од арамии кои често ги напаѓале заради богатите извори на руда. Ѕидани се од камен и малтер, со мал број и многу тесни прозорци во форма на пушкарници и железни или опковани со железо дрвени врати во приземјето .. Внатрешноста е поделена на најмалку два ката: долниот служел обично за магацин а во горниот се живеело.

Од високите камени мостови над Кратовската (Табачка) Река, се сочувани неколку: Радин, Јохчиски, Чаршиски и др. Тие претставуваат камени лакови кои лежат на двата брега на реката. Градени се исклучиво од камен. Скоро исте го зачувале оригиналниот излгед освен Радиниот мост кој во горниот дел бил урнат и му е заменета хоризонталната конструкција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag