Пијан британец се претворил во смртта и решил да ја исплаши својата сосетка.
Филип Еванс (35) од северен Велс се опијанил и решил на својата сосетка Шерон Мајерс да и приреди едно страшно изненадување.
Сосетката се разбудила среде ноќе и покрај креветот го видела „косачот“ смртта.
Таа почнала да вреска, а потоа го нападнала и се обидела да го гризе. Храбрата баба успеала да му ја извади маската и забележала дека тоа е нејзиниот комшија Филип.
Жената повикала полиција, која веднаш го уапсила Филип. Тој пред судот изјавил дека целата невкусна шега била последица на неговото пијанство.
Судот, сепак немал разбирање за ваков тип на хумор, па затоа го осудиле на неколку месеци затвор.