Е вака се прави тоа – учесничката во Survivor и старлета Станија Добројевиќ одлучила да му помогне на фидбалерот Aдем Љајиќ да ја научи химната на Србија „Bože pravde“… Таа пред две вечери била излезена на белградскиот сплав и таму паднале некои критики поради нејзината врска со Љајиќ, на кои веднаш одговорила, на свој начин.
-Луѓе, оваа песна е за Адем – викнала додека од звичниците се слушале r’n’b хитови и без срам почнала да пее стихови од српската химна. Поточно, само првата строфа.
-Гостите на сплавот биле шокирани кога ја запеала химната и рекла дека ја посветува на Љајиќ, иако Адам таа вечер не бил со неа – вели изворот.
Сепак, српските медиуми се потрудиле да дознаат дали Станија успеала да го подучи малдиот фудбалер.
-Тоа беше одговор на провокација на сплавот…Јас, како граѓанин на Србија, јазнам нашата химна, па ја запеав првата строфа- потврдила Станија, која има големи амбиции во музичката индустрија.
–Снимив песна “Умри без мене”, која гарантирано ќе биде летен хит. Песната е посветена на сите мои поранешни дечковци – изјавила Станија.