Од глава до пети во летно издание, сокриена зад очила за сонце оваа позната личност се сликала пред огледало, а потоа фотографијата ја поделила со фановите.
Во прашање е Боки 13 кој изгледа како да се подготвил за на плажа. Облечен во кратко фустанче, покриен со шал, шешир и очила за сонце македонскиот шоумен ги “почести” фановите со фотографија директно од бањата.
-И еве ме мене повторно, напишал покрај фотографијата.
Од него секогаш следи некое изненадување, а што ќе ни приреди наредниот пат, останува да видиме.