Стејси Киблер си избра дијамантски веренички прстен?!

popara16 септември, 20121min00
stacy

Тој се заколна дека никогаш нема да се ожени, но тоа не ја спречило неговата девојка, шармантната Стејси Киблер на раката да стави веренички прстен.

Се разбира, се работи за актерот Џорџ Клуни.

32-годишната Стејси во петокот вечерта на отворањето на продавница за накит во Њујорк пробала голем дијамантски прстен и тоа на вереничкиот прст. Без сомнение, Стејси сигурно ќе биде убава невеста, но кој ќе биде младоженец тоа  сеуште не е познато. Сепак, Стејси намерно или не прстенот го ставила токму на вереничкиот прст, само неколку дена откако Клуни жестоко ги демантирал наводите на одредени таблоиди дека тие двајца ја прекинале едногодишната врска.

Таблоидот The Sun пред неколку дена објавил дека двојката се разделиле откако Џорџ уште еднаш повторил дека нема намера да се венча. Меѓутоа, PR на актерот ги негирал овие тврдења.

“Приказната која ја објавил лондонскиот таблоид The Sun за разделувањето на Џорџ Клуни и Стејси Киблер не е точна. Приказната е целосно измислена за да се продаде весникот”, изјавил портпаролот Стен Росенфилд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag