Продолженото работно време, малата плата, нервозни шефови сето тоа ги тера вработените постојано да се под стрес.
Луѓето поминуваат 106 дена жалејќи се на проблемите кои ги имаат на работа, а во превод тоа значи дека голем дел од времето го поминуваат во лошо расположение.
Голем дел од луѓето незнаат како да се опуштат после работниот ден и нервозата и стресот од работата ги носат дома и потоа ги пренесуваат на останатите членови од семејството.
Експертите велат дека на таквата личност треба да и се дадее поддршка и разбирање, за да се намали стресот. Секој човек треба да научи како да го намалува стресот и да знае како правилно да се опушти.