Струмички момички и алкохоло :)))

popara5 јануари, 20121min01
sm

За пијанка не треба повод, ни па празници. Тава е Македонија бе чувеци, се пии, се лока и за делник и за празник. Ни тее маленко, ни тее гулемо,  ни тее маж, ни тее жена, сѐ е избегано!!!

Ама как и да е, без разлика оти сме 21век, момичките у помалечок град па се гуворани другио ден, а тии со поголем к’смет  и цела недела ги лангардисуват ! Страшно!

Некни една момичка беше ѓон. Саа она нормално ѕенѕе си, пее си, се има со народо, си праа наздравее, чат пат од маса на маса, си за’цкува, у главата рошава оти чат пат и си се зашупуваше по земната – не за друго- лоши и бее штиклите (како шо приметих), ама тава на секој му се дешава и одма се разјадуват – ги отварат дизните и иљинџе си фаќат :/ Зашо? Оти е женскоооо!!!

Шо, нии нели смееме  да се расположаме, опуштаме, распуштаме?

Јас си га разбирам момичката од некни, дури и живели си направииме- „Да живееме, да владееме, шо у мислите тава у кревето и у кујната хахахаха…“

Нели за машки е ок, они ка пиит се мажи бреее,  а  за момички е срамота, а да биде посрамота и под’лго да биде срамота, преку оговаране се рефрешире меморијата на сѐ шо мрде-од ќор до сакат?!?!

Имаш маабети од комшиката- „некни на Суза момичката си дојде дома на ранина и она не знааше как си уткључи- се маја саат време пред вратта у минич до пич- срамотаааа, младина цццц…“

Или од мааста од спроти- „Виде ли га Софчето, направила сее сама да се аресе- кујзнаа со кој ќе си оде таква вајвечер хихихихи…“

Или од пијано машко- „брат, глееш ли саа Софчето-фартуна сее направила, бела мечка не глеее- хахахаха, саа да ѝ се пуштам- сигурно нема да ме одбии… “(ама типо нема да ѝ се пуштe- кажувам од искуство со 99.9% сигурност).

Посебен момент е залетуваанто шо ти го праа алкохоло, трип и пол. Ти играаш, мислаш којзнаа колко е секси, со движења на Салма Хајек, у „Пред Изгрејсонце“, а народо околу тебе си вика „нека престанеее-срам мее и за нее“.  Или караоке вечер- мојто омилено, на почетоко е ОК, сите бегат од микрофоно, срам им  еее…, ама после се осмелуват ооох, посебно женските, очите у „Г“(ѓе), став „микрофоно следно кај мене оти ќе има по врато!“ и почнуват- нормално Целин Дион- страхота!!! Мачка ко вриште, барем знаеш мачка е, а тава хибрид, полу хиена, полу кобра (зас’скува ко ќе се замаа).

Слегнуване по скали „3 по 1“-три чекори у ноојсто си

гледе – еден чекор у народо доле- да не мислат оти е пијана. Некој ако ѝ каже здраво, или келнер ако помине, ојде ритамо- или штикла крше или се тркале- секак ќаа лангрдисуват утредента.

Запознаване со ново дете- скроз да се избегава, ного непрепорачливо. Зашо? Утредента на тебе па ќе ти биде непознато, а он ќе знаа ствари шо не се за непознат да ги знаа.

Еваа јас па какви дешаваљки с’м имала ка с’м се зак’цувала, ама ај некоо наредна прилика ќе ви расправам за мојте чишитл’ци.

Исто така и интересно е шо голем е проценто на момички шо можат повеќе алкохол да поднесат уд машките, има ги ного, ај да не ги набројувам тука ☺

На пример јас не сам ного по пиене, туку ка пиим ного са варкам и ма далдисува  и дудек да вииш ќутук с’м се направила и другио ден без кувет с’м нормално, и мама ке ми цеде пуртукале да ме св’рне.

Как  шо с’м љимонт’б’етљии ич нејќам другио ден да ми сољат памет друштвото, у стило прекард’ши га чера…. мразам такви манаџииски маабете!

Мило ми беше шо се запознајааме, ловкам ве сите  – ај саа су здрааве и ак’л у главата.

One comment

  • Maz

    23 септември, 2012 at 01:11

    Кој ќе те зема тебе незнам..

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag