Студент паднал на испит по логика. Ова е разговорот со професорот што следувал потоа.
Студентот: Вие ме казнувате, но дали знаете нешто во врска со тоа.
Професорот: Се разбира, инаку не би бил професор.
Студентот: Во ред. Ќе ви поставам едно прашање. Ако го знаете одговорот, ќе ми ставите петка и јас без збор ќе си заминам. Ако не го знаете, ќе ми ставите десетка.
Професорот: ( после кратко размислување ) Во ред, го прифаќам предизвикот!
Студентот: Што е легално (законито) , но не е логично, што е логично, а не е легално, а што не е ниту легално, ниту логично?
Професорот не успеал да го најде вистинскиот одговор, го земал индексот на студентот и му пишал десетка. Потоа го прашал…
Студентот: Вие имате 53 години, а оженет сте со 23-годишна девојка; што е легално, но не е логично; вашата жена има 24-годишен љубовник, што е логично, но не е легално; и на крај, вие му ставате 10-ка на љубовникот на вашата жена кога требаше да го бутнете, што не ниту логично, ниту легално.