Студент тајно закачил свое дело во музеј! Несакал да чека 30 години на тоа! :)))

popara6 јануари, 20121min00
3g43j

Студнетот по сликарство од Полска, Андреј Собиепан, одлучил дека нема да чека 30 до 40 години за некој да ја зебележи неговата уметност и да ја закачи во галерија или музеј, па затоа работите ги земал во свои раце.

Младиот уметник отишол во Националниот музеј во Вроцлав и тајно закачил свое дело во одделот за модерна уметност. Благодарение на овој чин, студентот во медиумите добил голем публицитет.

Интересен е фактот што сликата висела во музејот цели три дена, а никој не забележал.

„Одлучив дека нема да чекам 30, 40 години за моите дела да се појават на вакво место“, изјавил младиот уметник и додал дека бил инспириран од Бенкси кој направил нешто вакво слично во 2005 година.

Директорката на музејот изјавила дека токму поради овој духовит уметнички настан, дошло до решавање на безбедносните пропусти кои постоеле во музејот.

Сликата од одделот за модерна уметност е преместена во кафе барот на музејот, а ќе се појави на аукција за хуманитарни цели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag