Студенти по стоматологија во Јапонија вежбаат на робот кој ‘чувствува’ болка

popara7 септември, 20121min00
1

Наместо живи пациенти, студентите по стоматологија во Јапонија за вежби за поправање и вадење на заби користат киборзи. Исклучително реалистичниот робот способен е да овозможи повратна реакција и да го извести стоматологот кога ќе почувствува болка.

Експертите на јапонскиот универзитет дизајнирале робот наречен “Simdroid”, кој ќе им помогне на студентите по стоматологија што подобро да се подготват за идната улога на стоматолози.

“Simdroid” изгледа многу реалистично и многу потсетува на жив човек. Изработен е од термопластичен еластомер.

-Сакавме киборг повеќе да потсетува на човек, сеедно дали мирно ќе седи, ќе ја отвора устата или ќе зборува – објаснува претставник од комапнијата “Morita manufactoring” која го прозивела роботот.

Стоматологот со роботот може да води едноставен разговор. На пример, ако го праша дали го боли, “Simdroid” одговара со “да” или “не”. Секој пат кога студентот ќе згреши, роботот ќе почувствува болка и ќе му даде со знаење.

Роботот ќе им помогне на идните стоматолози не само технички подобро да ја вршат работата, туку и да го прилагодат однесувањето и гестовите на пациентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma