Турксата актерка која кај нас се прослави со улогата во Сулејман Величенствениот, султанката Хурем, односно Мерјем Узел (29) добила казна во Дубаи.
Актерката тогаш имала 19 години и прошетала полугола низ Дубаи, а за тоа добила казна од која била шокирана. Мерјем добила 10 удари со камшик.
„Мислев дека нема да ме удира силно, но беше ужасно. Неможев да поверувам што преживувам. Мажот кој ме камшикуваше ми се смееше во лице. Тоа ме доведе до лудило“, изјавила за една турска телевизија.
Актерката тогаш била на летување со пријателка.