Супермоделот Тајра Бенкс по повлекувањето од модните писти одлучила да ги заврши студиите. Па така оваа недела 38 – годишната Тајра дипломирала во на бизнис колеџ во Масачусетс. А со тоа и си го остварила својот долгогодишен сон да има диплома.
Всушност, додека била тинејџерка морала да бира помеѓу студиите и бројните ангажмани на модните ревии, па затоа го напуштила Универзитетот. Во моментов се занимава со телевизиски работи, вклучувајќи го и учеството во шоуто “America’s Next Top Model” и е соработник на проектот “True Beauty”, а со тоа има и свое ток – шоу “The Tyra Banks Show”.