Сурфање на копно – новиот фитнес хит

popara20 мај, 20121min00

За оние на кои им здосадиле тракте за трчање и останатите справи за вежбање, доаѓа нова машина- собна даска за сурфање.

Даската за дурфање на суво-RipSurfer X, ја измислил Мајк Хартвик, менаџер на еден фитнес клуб во Њујорк, како начин да се одржи во форма откако престанал професионално да се занимава со хокеј.

Станува збор за права даска з сурфање поставена на воздушни јастуци.

Исто е како да сурфате на вода-објаснува инструкторката Сара Пон, додавајќи дека на овој начин може да се потрошат и до 1000 калории за 45 минути колку што трае часот.

Сурфањето на копно ја подобрува рамнотежата, координацијата и ги зајакнува сите мускули на телото а има и уште една предност не постои опасност од напад на ајкули.

Како што пренесува АП, на пазарот наскоро би требало да се појави и куќна верзија од овој производ.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Uw03IKNa9MI
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *