Сусам бомбици
27 декември, 20120
Потребни состојки:
- 125гр маргарин
- 4 лажици мед
- 4 лажици шеќер
- 100гр чоколадо за готвење
- 100гр мелени бисквити
- 100гр мелени ореви
- 200гр сусам
Начин на подготовка:
Сусамот кратко пропржете го во сува тава. Во тенџере, соединете мед, маргарин, искршено чоколадо и шеќер, па загрејте на умерена температура додека не добиете изедначена смеса. Потоа тенџерето тргенет го од шпоретот, па додадете пржен сусам, мелени бисквити и ореви, кои треба да ги измешате. Од подготвената смеса направете бомбици.