Сувото овошје против секојдневните болести

popara23 септември, 20121min00
suvo ovosje

Ако сте од оние кои своите оброци ги јадат исклучиво на нозе и тоа нездраво, би требало да размислите за здравите алтернативи како на пример за сувото овошје.

Замор

Урмите помагаат во отстранување на чувството на исцрпеност, бидејќи тогаш најчесто сме желни за некоја слатка закуска. Урмите се многу слатки и се одлична алтернатива за нездравите слатки по кои сме особено склони во такви услови, бидејќи имаат низок гликемичен индекс. Урмите полека се ослободуваат од своите шеќери што значи дека ќе го одржите нивото на енергија константно.

Висок крвен притисок

Сувите кајсии имаат три пати повеќе калиум за разлика од бананите. А содржат минимално количество на сол. Одлични се за зачувување на нормален крвен притисок – додека калиумот отпушта, натриумот ја задржува водата, па зголемениот внес на калиум го одржува волуменот на крвта на пониско ниво. Една студија покажала дека консумирањето на повеќе калиум отколку натриум е совршена заштита од висок крвен притисок и останати срцеви заболувања.

Запек

Само шест сушени сливи, два пати дневно подобро го ублажува запекот од било кој друг лаксатив, покажало едно истражување. Сливите се богати со сорбитол, еден вид на алкохолен шеќер кој природно ја задржува водата во столицата.

Анемја

Четири суви смокви во себе содржат една четвртина од препорачаниот дневен додаток на железо – што е доволна количина за ублажување на анемија. За да го зголемите дејството, комбинирајте смокви со портокал, природен извор на витамин Ц кој помага во апсорпцијата на железо од растителни извори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag