
Еден од двајцата свештеници кои требале да го осветат руското вселенско летало Сојуз, непосредно пред лансирањето, случајно заедно со тројцата астронаути бил лансиран во вселената.
Свештеникот Олег Максимов се задржал подолго во леталото, а кога сфатиле дека внатре има уште некој, било доцна да се запре лансирањето.
„Олег е првиот, а веројатно и последниот свештеник кој замина во вселената“, изјавиле од управата на космодромот Бајконур.
Неколку минути подоцна командантот на Сојузот, Генадиј Падалк, јавил дека свештеникот е добар и дека само малку се исплашил поради тресењето, кое е нормално во почетните фази од летот.
Другиот свештеник низ смеа изјавил дека сега Олег, ќе може да го набљудува светот од перпсектива на Бог.