Светлана Ражњатовиќ во едно интервју истакнала дека таа во Хрватска нема име, туку дека е исклучиво поврзана со нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражњатовиќ Аркан. На коментарот на новинарката дека многу хрватски медиуми Цеца ја прогласиле за најхаризматична србинка, фолк ѕвездата била изненадена, а потоа се намеала.
-Навистина? Од нив тоа навистина не го очекував! Јас за нив немам име. Имам презиме и “вдовица” … Немам име! Јас сум само вдовица на воениот злосторник и тоа е тоа – вели Цеца и додава:
-Во почетокот тоа ми пречеше, бидејќи од 14 години сум во јавниот живот и отсекогаш имав свој идентитет, без оглед на тоа што бев мажена за мојот покоен сопруг. Секогаш имав свое име и презиме. Но, мислам дека и тоа време ќе помине и дека музиката не смее да има граници, да биде блокирана и околу неа да се става кинески ѕид. Само ширете љубов, пејте и слушајте музика, изјавила Ражњатовиќ.
Разговорот се осврнал и на можноста дека Цеца ќе објави автобиографија.
-Дали ќе го направам тоа, незнам. Повеќе за тоа зборуваат луѓето кои се блиски до мене, дека би било убаво својот живот и сите случувања, кои наликуваат на филм, да ги пренесам. Но, и кога би се снимал тој филм или пишувала таа книга, незнам кој жанр ќе биде. Од премногу тага на премногу радост, среќа, несреќа…Но, исто така и покрај се што ми се случуваше, јас сум една од најсаканите жени на Балканот, нагласила пејачката.