Светот е стаклен

popara7 март, 20121min00
2

Се оди како подмачкано. Ти зрачиш од среќа, вљубена и полна со надеж. Не можеш ни да се сетиш на светот пред него. Светот е розов. И наеднаш еден збор може да урне се. Големата љубов исчезнува како никогаш и да не постоела. А ти остануваш скршена, употребена, изморена. Солзите ќе престанат, но ти продолжуваш да живееш во спомените. Едно подобро време, кога и тој беше тука. Еден човек, а како да бил се. Светот е пепел.

А после ќе се појави некој друг. Можеби е добро да почнеш да излегуваш и да ја заборавиш за една вечер болката. Можеби новиот човек е новата голема љубов? Сеуште веруваш во оваа лага? Но тој некако успева да ги состави парчињата од испокинатото срце…Не скршено – раскинато. Дивиот ѕвер парчосува, не крши. А еден обичен човек успева да ги состави парчињата повторно. Неговата нежност е мевлем за лузните. Речиси веќе и не се забележуваат. Светот е нормален.

Еден од вас е среќен. Можеби некогаш и ќе се вљубиш во него. Не е она истото чувство, кое го чувствуваш во коските и знаеш, дека е тоа…Но и ова е љубов. Попроста, полесна. Ти го правиш среќен. Тој те прави да го заборавиш минатото. Не е ли ова она што го сакаше?

Сеуште трепериш при споменот за темнозелените очи, линиите по телото, неговото лице е сеуште тука во мислите и соништата, но барем веќе не ти се присторува дека го гледаш по улиците, на соседната маса во омилениот кафич, зад рафтовите со љубовни романи во кокетната книжарница на аголот. Ти правиш некого среќен и некој ден и тој ќе те направи среќна. Светот е преполн со кругови.

Ќе бидеш весела, ќе бидеш тажна, ќе плачеш и ќе се смириш. Така е во животот на сите. Светот е стаклен.

Незнам зошто, но се натака ме влече да мислам. Се надевам ви се допадна(:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag