Алиса имала само 15 години кога ја убила својата соседка, недела дена таа ја следела каде се движи и кое време се враќа од училиште, таа дури имала подготвено и гроб.
Алиса Бустаманте (17) од САД, во 2009 години ја убила Елизабет Олтен (9), за да види само какво е чувството да се убие некого. Девојката на 28 јануари ќе наполни 18 години, а во вторникот ја осудиле за убиство. На суд таа го признала делото и опишала зошто го направила тоа.
„Елизбает ја задавив, потоа со нож ја пободев во градите и потоа и го исеков грлото“, изјавила Алиса. Пред судијата рекла дека цело време била свесна за одговорноста и за тоа што направила.