Маска од краставица и мед која ќе ви ја освежи кожата и ќе имате убав тен.
Општо е познато дека краставицата се користи за уморни очи и лице. Затоа ви ја препорачуваме оваа маска која ќе ја освежи вашата кожа.
Направете во блендер пире од краставица и оставете го да стои 15 минути за да може да ја пушти водата. Водата истурете ја, а остатокот од пирето од краставица ставете го во стаклено шише и додадете мед.
Пред секоја употреба убаво промешајте ја смесата и нанесете ја на лице. Оставете ја на лицето 20 минути, а потоа исплакнете со млакда вода. Немојте само да ја нанесувате на капаците на очите, за нив исечкајте два круга од краставицата и уживајте.